Цвеќиња кои се идеални за малите станови

Многу луѓе сакаат домот да им биде украсен со билки и така да добива природна свежина, но поради бројните обврски или малите станови не се одлучуваат за овој вид на декорација на просторот.

cvekinja-koi-se-idealni-za-malite-stanovi-01.jpg

За среќа, постојат цвеќиња и билки кои не бараат многу време и внимание и совршено се вклопуваат во малите домови.


Англиски бршлен

Ако во станот имате полици, ова цвеќе е одличен избор за вас. Бршленот иако е отровен, поради необичните карактеристики, тој станал симбол на љубовта и пријателствата. Зошто да не ја покажете топлината на вашиот дом со ова цвеќе?

cvekinja-koi-se-idealni-za-malite-stanovi-1.jpg


Филадендрон

Спаѓа во групата на декоративни ползавци кои одлично трпат живот во затворени простори, како што се становите или канцелариите. Не бара многу светлина, па можете да го поставите било каде во вашиот дом.

cvekinja-koi-se-idealni-za-malite-stanovi-2.jpg


Фикус еластика

Ова е една од најпознатите видови на фикус кој го има во речиси секој стан и кој е прилично едноставен за одгледување и не бара многу труд и време од ваша страна.

cvekinja-koi-se-idealni-za-malite-stanovi-3.jpg


Свекрвин јазик

Сансевијеријата на Балканот позната е како Свекрвин јазик, а претставува посебно добро растение за прочистување на воздухот па најдобро е да ја чувате во вашата спална соба.

cvekinja-koi-se-idealni-za-malite-stanovi-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава