Пречекајте ја пролетта: 3 идеи за „мини“ градина во домот

prechekajte-ja-proletta-3-idei-za-mini-gradina-vo-domot-1.jpg

Без разлика на големината и стилот на вашиот дом, растенијата се секогаш добра идеја. Нема ништо да изгубите доколку дозволите вашето секојдневие да биде во допир со природата, ниту пак има потреба да барате оправдување зошто немате градина во домот.

Во продолжение погледнете неколку идеи за мини градини кои нема да ви одземат премногу простор, а сепак ќе внесат свежина во просториите каде престојувате.

Градина „на тацна“

prechekajte-ja-proletta-3-idei-za-mini-gradina-vo-domot-2.jpg

Доколку имате дрвен послужавник кој не е во употреба, време е да го искористите на прав начин. Земете неколку стаклени сада и во нив ставете растенија кои можат да виреат во таква средина. Аранжманот можете да го дополните со буќет од свежи цветови.

Канцелариска градина

prechekajte-ja-proletta-3-idei-za-mini-gradina-vo-domot-3.jpg

Збогатете го домашниот канцелариски простор со малку зеленило и свежина. Постојат голем број на декоративни растенија кои можат да внесат малку зен-амбиент во вашата работна атмосфера. Одберете растенија кои се лесно-одржливи, и кои нема да ви одземаат многу време во работниот период.

Градина „со поглед кон светот“

prechekajte-ja-proletta-3-idei-za-mini-gradina-vo-domot-4.jpg

Ова е можеби една од наједноставните идеи за изведување. Од една страна „ја убивате“ здодевноста на празниот прозорец, од друга страна пак, растенијата не ви одземаат дополнителен дел од просторот во домот. За целата оваа декорација да добие и карактер, интересно би било доколку покрај прозорецот поставите растенија со различна големина. Уживајте во погледот!

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...

Најчитани неделава