Како убавите пролетни букети подолго време да бидат свежи?

Доаѓа пролетта, а тоа значи разубавување на домот со прекрасни букети кои ќе шират опојни мириси. Но, за жал, пресечените цветови не траат долго, само ако не се грижите правилно за нив.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-2_copy_copy.jpg

Ако сакате подолго да ви биде свежо цвеќето, еве што треба да направите:

1. Цвеќињата најдобро е да ги чувате во поголеми и пошироки вазни

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-01.jpg

2. И во топла вода

Секако, не мислиме на зовриена вода, туку на вода чија температура достигнува 43 степени. Ваквиот метод на чување е уште попознат и како „зацврстување“.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-2_copy.jpg

3.  Ако не сакате цвеќињата да бидат стврднати, чувајте ги во млака вода

Ако сакате да го избегнете процесот на „зацврстување“ на цвеќињата, тогаш чувајте ги на температура од 22 степени.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-3_copy.jpg

4. Отстранете ги листовите

За цвеќето да биде свежо подолг период, отстранете ги листовите кои сигурно ќе се најдат под водата.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-4.jpg

5. Менувајте ја водата

Ако сакате цвеќето подолго време да биде свежо, тогаш морате да ја менувате неговата вода секој ден, за да ја намалите можноста за развивање на бактерии.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-5.jpg

6. Краевите сечете ги под агол

Поточно, под агол од 45 степени за да ја зголемите способноста на цвеќето да апсорбира повеќе вода.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-6.jpg

7. Користете „храна“ за цвеќето

Направете домашна комбинација од газиран сок со вкус на лимон и избелувач (додадете само 2 - 3 капки, не повеќе).

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-7.jpg

8. Чувајте го цвеќето подалеку од сонце, овошје и било какви грејни тела

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-8.jpg

9. Исушеното цвеќе отстранувајте го колку можете побрзо

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-9.jpg

10. Правилно аранжирајте го букетот

Секое цвеќе мора да прима доволно светлина, тоа значи дека оние највисоките треба да се најдат некаде на крајот од букетот.

kako-ubavite-proletni-buketi-podolgo-vreme-da-bidat-svezi-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за одгледување вербена – цвеќе кое привлекува пари и благосостојба во домот Изгледа прекрасно во жардињери и во саксии, а се верува дека ќе ви донесе многу ...
6 пролетни цвеќиња што нема да ви пречат ако сте алергични на полен Меѓу цвеќињата што предизвикуваат најмногу проблеми се: амарантот, камилица...
Нема поубав зимски цвет, но не сака допирање – Божиќниот кактус цвета од ноември до јануари (фото) Иако во името го носи зборот „кактус“, сепак негата на овој нежен, деликатен цве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg