5 собни билки кои го разладуваат домот во тек на летото


5 собни билки кои го разладуваат домот во тек на летото

Новото годишно време е на прагот, а со него пристигнуваат и неизбежните високи температури и летни горештини. Но, сте знаеле ли дека одредени растенија имаат моќ да ја намалат топлината, а зголемат влажноста во вашиот животен простор?

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-1.jpg

Во текот на летото, секој извор на свежина ни е добредојден, особено во домот, кој треба да биде пријатно и опуштено прибежиште од сончевите зраци.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-2.jpg

Ако сакате дополнително да ја намалите температурата во внатрешноста од куќата или станот, корисно е да знаете дека постојат соодветни растенија кои се идеални за микроклимата во животниот амбиент.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-3.jpg

Покрај тоа што создаваат удобна атмосфера, тие ја стабилизираат влажноста на воздухот и ослободуваат кислород, а впиваат штетните материи.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-4.jpg

Ова се петте билки кои го разладуваат домот во текот на летото:

1. Алое вера

Алое верата е дефинитивно една од најкорисните и освежувачки билки кои може да ги имате во станбениот простор. Таа не само што ја одржува внатрешната температура, туку и ги отстранува штетните состојки од воздухот. Покрај тоа, веројатно веќе сте запознаени и со многубројните здравствени предности на ова чудесно растение.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-5.jpg

2. Арека палма

Ако сте во потрага по најдобрата собна билка, оваа палма би требало да биде вашиот вистински избор. Арека палмата е природен навлажнувач, што вашиот дом го одржува свеж и ладен. Притоа, таа не е воопшто тешка за одржување и одгледување во затворен простор, а мошне отпорна е на причинителите на болести. Позната е како одличен пречистувач на воздухот, наоѓајќи се на самиот врв од билките во тој поглед.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-6.jpg

3. Сансеверија

Сансеверијата е единствена, како по изгледот, така и по своите полезни својства. Кај нас е позната под називот „свекрвин јазик“, а во светот и како „индијанско перо“ и „змија-билка“, поради специфичните шари и занимливиот облик. Успева на слабо осветлени и светли места, а отпорна е на прашина и на загаден воздух. И не само тоа – оваа билка ги апсорбира токсичните елементи и неутрализира штетните гасови, а задржува влагата во домот.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-7_copy.jpg

4. Фикус

Фикусот е едно од најпопуларните собни растенија. Покрај температурата, фикусот ја смалува и загаденоста во просторот за живеење. Ова зелена билка го навлажнува и збогатува воздухот со кислород, ја апсорбира топлината, ги неутрализира токсините, а со помош на широките листови ја задржува и прашината во собата. Одржувањето е прилично едноставно, бидејќи е издржлив на сончева светлина и умерени количини на вода.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-8.jpg

5. Папрат

И домашниот папрат важи за еден од најдобрите навлажнувачи на ентериерот. Добро успева и во простории каде што нема многу природно светло, ја сака влагата, а не бара претерана нега. Оваа билка го прочистува воздухот, неутрализирајќи ги штетните ефекти на токсините. Покрај чистењето и освежувањето на амбиентот, исто така ја контролира и топлината во животниот простор.

5-sobni-bilki-koi-go-razladuvaat-domot-vo-tek-na-letoto-9.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 најиздржливи собни растенија, погодни за сите кои не знаат да одржуваат цвеќе Дали сте од оние кои ги носите цвеќињата на душа, бидејќи не можете да одржите н...
Како да си направите градина, дури и ако живеете во стан? Кога станува збор за градини, просторот не треба да претставува проблем. Всушнос...
Цвеќиња со најубав мирис за вашата градина Овие цвеќиња ќе ви помогнат покрај боја, да додадете и неодоливи мириси во вашат...

Најчитани неделава