5 најиздржливи собни растенија, погодни за сите кои не знаат да одржуваат цвеќе

Дали сте од оние кои ги носите цвеќињата на душа, бидејќи не можете да одржите ниту едно во живот? Доколку сте од луѓето кои успеале да умрат и кактус, дадете си уште една шанса.

5-sobni-rastenija-koi-ne-mozete-da-gi-ubiete-01.jpg

Внесете малку зеленило во домот, а ние ви предлагаме 5 собни растенија кои дури ниту вие не можете да ги убиете:

Домашен папрат

Домашните папрати се одлична опција за домот. Во дивината растат во влажни и темни предели, што ги прави одлични собни растенија.

Добро успеваат во простории каде што нема многу природно светло, а бидејќи ја сакаат влагата, слободно може да си ставите едно во кујната или во бањата.

Одлично изгледаат и како висечки растенија поради декоративните ливчиња.

5-sobni-rastenija-koi-ne-mozete-da-gi-ubiete.jpg

Кактус

Кактусите во секаква форма се неверојатни лесни за одржување. Бараат многу малку вода и се среќни и под директна и кога се изложени под индиректна сончева светлина.

5-sobni-rastenija-koi-ne-mozete-da-gi-ubiete (1).jpg

Сукуленти

Кактусите припаѓаат токму во оваа група на растенија кои апсорбираат вода во нивните ливчиња и благодарение на оваа способност може да преживеат многу долго.

Сукулентите сакаат топлина, но исто така добро ги поднесуваат и постудените соби. Имајте предвид дека сукулентите со црвена и виолетова боја сакаат повеќе светлина од оние чии ливчиња се сиви или зелени.

5-sobni-rastenija-koi-ne-mozete-da-gi-ubiete (5).jpg

Собна палма

Доколку сакате поегзотичен и тропски изглед на домот, нема да погрешите со собните палми. Не им е потребна директна светлина и којзнае колку често полевање.

Одлични се за поголеми простори како и ходници, бидејќи достигнуваат прилично масивна големина.

5-sobni-rastenija-koi-ne-mozete-da-gi-ubiete (3).jpg

Воздушни цвеќиња од фамилијата Бромелија

Како што укажува и името, на оваа група растенија не им е потребно ништо да преживеат, освен воздухот кој го опкружува.

Одлични изгледаат самостојно, но служат и како одлична декорација во терариуми. Наместо да се полеваат, најдобро е да ги пропрскувате одвреме-навреме со помош на вода во спреј.

5-sobni-rastenija-koi-ne-mozete-da-gi-ubiete (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...
Три пролетни цвеќиња кои внесуваат среќа во домот Свежите цвеќиња сами по себе носат пријатно чувство, но доколку решите да внесет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg