Растенија за во саксија кои ги бркаат инсектите

Комарците и другите здодевни инсекти често нè вознемируваат кога доцна попладне седиме на терасата или во дворот, особено ако претходно имало дожд или ако сте во близина на вода. Наместо да користите најразлични хемикалии, во саксии на терасата или во дворот засадете растенија кои на природен начин се борат против инсектите.

rastenija-za-vo-saksija-koi-gi-brkaat-insektite-001.png

Истовремено, овие растенија ќе ја освежат вашата домашна градина и ќе ја исполнат со прекрасен мирис, а вие ќе можете да уживате во попладниња без да бидете искасани од комарци.

Лаванда

Мирисот кој нас ни е пријатен, за комарците е иритирачки, па тие бегаат од места каде лавандата цути. Меѓу другото, ова растение има антисептички и антигабични својства, па можете од неа да подготвите средство за мачкање.

Неколку гранчиња лаванда оставете ги да отстојат еден до два месеца во алкохол и потоа можете да ја користите смесата како лосион против комарци, ако треба да одите некаде каде има ризик да бидете изложени на инсекти.

Џунџуле

Ова декоративно цвеќе освен што ќе ја освежи вашата тераса или градина, ќе го спречи и доаѓањето на комарците и другите бубачки, бидејќи содржи тиофен, соединение кое инсектите го мразат.

Доброто за џунџулето е што успева на секаква клима и во секаква почва и е лесно за одгледување.

Рузмарин

Силниот мирис на рузмаринот ќе ги држи што подалеку од вас сите инсекти, меѓу кои и комарците и мушичките. Дома можете да го чувате во саксија, а надвор, во дворот, ако запалите гранче рузмарин, можете да бидете сигурни дека комарците нема да ви се приближат цела вечер.

Босилек

Освен што е вкусен зачин и додаток во сосови и салати, на природен начин ги брка несаканите гости. Според некои студии, ова растение дури е и отровно за комарците, а од неговиот мирис тие бегаат што подалеку.

Во минатото, нашите баби практикувале да се истријат со листови од босилек на рацете и нозете, за да не ги касаат комарци.

E. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...

Најчитани неделава