Едноставен трик за одржување на цветовите на вашата орхидеја

Одгледувањето на орхидеја која постојано ќе цвета е еден од најголемите предизвици на секој кој дома има барем еден примерок од ова деликатно растение.

ednostaven-trik-za-odrzhuvanje-na-cvetovite-na-vashata-orhideja-01.jpg

Веќе знаеме дека постојат различни начини за одгледување на орхидеите, во зависност од видот и тоа редовно потсекување на сувите корења, полевање со отстојана вода, повремено прскање вода директно на цветовите, додавање специјално течно ѓубриво и изложеност на сончева светлина.

Секогаш следете ги советите кои ги добивате од продавачите на орхидеи, за да можете што подолго да ги имате тие прекрасни цветови во домот.

ednostaven-trik-za-odrzhuvanje-na-cvetovite-na-vashata-orhideja-02.jpg

Само вода не е доволна

На многумина им се случило на подарок да добијат прекрасна орхидеја, но без упатства за одгледување.

Доколку вашата орхидеја подолго време не цути, постои еден едноставен трик кој во многу случаи помогнал таа да „оживее“. Од понеделник до петок, секој ден во исто време, налејте во орхидејата две лажици редок зелен чај. Користете го овој трик како додаток на вообичаената нега на растението.

Исто така, зелениот чај одлично функционира и кај другите растенија кои растат во почва со кисела ПХ-вредност.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава