Нане, босилек и коријандер - 3 билки на кои не им треба двор

Постои една категорија на луѓе кои се славни по тоа што успеваат да одржат мала зелена градина меѓу ѕидовите на својот дом, во превод - во затворен простор.

Nane bosilek i korijander 3 bilki na koi ne im treba dvor 01

Ако спаѓате во оваа категорија, тогаш сигурно ја знаете и убавината на тоа да зготвите вкусен ручек во кој ќе додадете зачин кој самите сте го израснале од моментот кога тој беше букално зрно семе.

Свеж босилек во салата со домати - нема подобро. Ако, пак, се уште само сонувате за своја градина во топлината на домот, треба да знаете дека не ви треба двор за да научите како растат одредени билки.

Основата за садење билки е едноставна - треба да се обезбедат квалитетни саксии со добар одвод, а земјата во нив да биде растресена, односно лабава, наместо цврсто набиена.

Секоја билка има потреба од свој распоред за наводнување, па ако имате повеќе различни билки, водете сметка за тоа на која билка колку вода и е потребно.

Повеќето билки ќе бараат сончева светлина на минимум, па без разлика дали расте на отворено или во затворен простор, сончево место ќе биде најдобро. По бербата, секогаш исплакнете ги свежите билки пред да ги додадете на вашите омилени јадења.

Нане

Нането сака делумно сонце и влажна почва. Оваа билка расте брзо, било да е во градина или саксија, па редовно собирајте ги ливчињата со нежно извлекување на истите.

Ова ја поттикнува билката да го пополни и продолжи растот. Најдобро е веднаш да се користат лисјата од нане поради нивниот свеж вкус, но тие исто така може да се чуваат во фрижидер неколку дена, сушени или замрзнати ќесичка или сад.

Додајте свежо нане во лимонада и ладен чај или во салати, сендвичи или вашиот омилен десерт.

Nane bosilek i korijander 3 bilki na koi ne im treba dvor 02

Босилек

Многу сонце и влажна почва се идеални услови за босилек. Скинете го листот на местото каде што се среќава со стеблото.

Користете го свеж, тоа е најсоодветно, но ако сакате да го чувате вишокот, херметички затворен сад најдобро ќе го сочува вкусот. Користете ја оваа билка за да направите домашно песто, масло за готвење, домашна пица или додадете го во супи.

Nane bosilek i korijander 3 bilki na koi ne im treba dvor 03

Коријандер

Коријандерот расте најдобро на сонце и бара да се напои тогаш кога почвата е сува на допир. Собирајте го така што ќе ги исечете стебленцата на дното, а со тоа ќе стимулирате и дополнителен раст.

Додадете свежо сецкан коријандер во домашна салса, гвакамоли или салати.

Nane bosilek i korijander 3 bilki na koi ne im treba dvor 04

Одличен начин за привремено зачувување на билките е да се наполни стаклен сад со вода и да се стават собраните стебла внатре. Ова ќе ги спречи да овенат пред да ги употребите.

Билките, исто така, може да се чуваат на овој начин во фрижидер неколку дена, но не заборавајте да ги покриете лабаво со пластична кеса.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...
Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg