Само една капка им е доволна на гераниумите да цветаат како „луди“ – што треба да им ставите?

Гераниумот или народски кажано сарделата потекнува од Јужна Африка, а е исклучително популарно растение кое цвета и одлично вирее во краевите со континентална клима.

Samo-edna-kapka-im-e-dovolna-da-cvetaat-geraniumi-01.jpg

Не е никакво чудо што во Македонија се омилени и може да ги сретнете речиси на секоја тераса и во сечиј двор.

Се издвојуваат 2 основни типови на сардели – ползавци и грмушки. Може да се најдат во повеќе бои, цветовите им се едноредни и најчесто еднобојни, но може да се и повеќебојни. Цветаат кон крајот на пролетта, односно почетокот на летото до доцна есен.

Samo-edna-kapka-im-e-dovolna-da-cvetaat-geraniumi (2).jpg

Одлична прехрана за сарделите, односно гераниумите е вода во која сте ставиле само една капка повидон јод (комплекс на јод и повидон). Потребен ви е 1 литар вода со 1 капка повидон јод, а доволни ви се само 50 ml вода со која ќе ги полиете внатрешните ѕидови на саксијата каде што е сместено цвеќето.

Немојте да претерувате, за да не го уништите коренот. После ваквото полевање, вашите гераниуми ќе цветаат како „луди“, разубавувајќи го просторот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава