Во есен се сади! Еден цвет или грмушка, едно дрвце или цела една градинa

Бетонот е сив, фасадите студени, но само едно дрво меѓу нив раѓа живост. А меѓу најубавите чувства е задоволството кое доаѓа од чинот дека сме засадиле растение. Понекогаш е тоа само еден цвет или грмушка, едно дрвце или цела една градина. Сè околу нас оживува...

vo-esen-se-sadi-eden-cvet-ili-grmushka-edno-drvce-ili-cela-edna-gradina-01.jpg

Уреденото зеленило го одмара погледот, овозможува почист воздух, создава чувство на хармонија со природата.... денот добива поттик за убаво, природата “влегува во чувствата”.

Што и да посадиме ќе ја поттикне нашата блискост со растението, грижата за неговиот развој и плодот од неговиот цут.

Зеленото го облагородува просторот, урбаното добива визура на свежина, го спојува асфалтот со земјата и го бои со сите нијанси на природата.

vo-esen-se-sadi-eden-cvet-ili-grmushka-edno-drvce-ili-cela-edna-gradina-02.jpg

Дрвјата се долговечни!. Нивниот век е траење, го следиме нивниот раст, разгранување, раскош, плод, нивната младост, зрелост и секое повторно разлистување, и повторно истиот процес.

Се почнува со зборот „сакам“.

Сакам кога природата е раскошот во мојот двор, пред мојата зграда, на мојата тераса, во мојата канцеларија. Денес, речиси подеднакво природа се планините но и вертикалните градини. Парче природа е и големото растение во канцеларија или малото саксиско цвеќе на бирото. Секое на свој начин го предизвикува чувството на среќа.

vo-esen-se-sadi-eden-cvet-ili-grmushka-edno-drvce-ili-cela-edna-gradina-03.jpg

Новото време ја наметнува потребата урбаните навики да се облагородат. Ние во градинарскиот центар Фоја ќе ви помогнеме да направите избор, но и да учествувате во чинот на садење на вашата иднина, иднината на новите генерации.

Есента е прекрасна и полна со плодови. Сите бои и нијанси на пурпурот во зимзеленото или листопадното ги шараат улиците и парковите.

vo-esen-se-sadi-eden-cvet-ili-grmushka-edno-drvce-ili-cela-edna-gradina-04.jpg

Во есен се сади. Ќе Ви помогнеме да изберете од прекрасните садници кои ги имаме во огромен број, да ги издвоите вашите омилени или да бидете љубопитни во изборот со нешто ново. Изборот е личен. Секој си го наоѓа своето омилено растение, но ќе биде радост ако одберете две, три или повеќе во група, од секого по желба и ако направите заедничка градина.

Наш заеднички предизвик ќе биде да одбереме нешто што ќе ви го расцути просторот и ќе му даде белег на природа.

vo-esen-se-sadi-eden-cvet-ili-grmushka-edno-drvce-ili-cela-edna-gradina-05.jpg

Средените дворови и разлистените тераси инспирираат позитивни чувства, добра енергија, баланс на денот, продуктивност и смиреност.

„Човек барем еднаш во животот треба да засади растение“

Оваа мисла останала од дамнешни времиња, се пренесувала од век навек и станала мудрост.

vo-esen-se-sadi-eden-cvet-ili-grmushka-edno-drvce-ili-cela-edna-gradina-06.jpg

Бетонот е сив, фасадите студени, но само едно дрво меѓу нив раѓа живост. Ако секој од нас засади само барем по едно дрвце, садиме шума...и така ден по ден, година, една по друга. Сѐ зазеленува.

Би можело да ве интересира:

Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg