8 растенија што го прочистуваат воздухот во домот - ќе ни бидат потребни сезонава
Бамбусова палма (лат. Areca palm)
Ова растение ги отстранува токсичните материи од воздухот, а може да го отстрани и вишокот влага. Оваа палма треба да ја чувате на светло место и да ја наводнувате редовно, особено во летните месеци.
Фикус (лат. Ficus elastica)
Постојат неколку растенија од родот фикус, но во домовите најчесто се чува видот Ficus elastica. Ова растение може да поднесе ниски температури, па дури и нередовно наводнување, што го прави погодно за почетници. Само внимавајте, ова растение може да биде отровно за кучиња и мачки.
Спатифилум (лат. Spathiphyllum)
Покрај прочистувањето на воздухот, за ова собно растение се верува и дека носи среќа. Растението сака светлина и почвата треба да е влажна, но дури и да заборавите да му ставите вода, може да издржи. И ова растение може да биде отровно за вашите миленици.
Сансеверија или индијанско перо (лат. Sansevieria)
Ова растение издржува речиси сè, но може да му пречи преголема влажност на воздухот. Растението е и одличен прочистувач. Не мора да го наводнувате многу често, а одвреме-навреме ќе треба да ги чистите листовите од прашина.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





