8 растенија што го прочистуваат воздухот во домот - ќе ни бидат потребни сезонава

Како што доаѓаат постудените месеци, во повеќето градови кај нас се јавува и проблемот со загадувањето. А, ова загадување на воздухот може да биде причина за секакви здравствени проблеми.

8-rastenija-shto-go-prochistuvaat-vozduhot-vo-domot-01.jpg

Секогаш можете да купите прочистувач на воздухот, но неретко овие направи имаат превисока цена. За среќа, некои растенија можат да бидат одлична замена за нив или пак, дополнително средство за прочистување.

Повеќето од овие растенија не бараат некоја посебна грижа, а можат значително да го подобрат квалитетот на воздухот во вашиот дом.

Погледнете кои растенија ќе ви помогнат да го прочистите воздухот во домот:

Зелен лилјан или хлорофитум (лат. Chlorophytum)

Според едно истражување, зелениот лилјан е можеби најдоброто растение за навлажнување и прочистување на воздухот. Уште подобро е што растението не бара многу грижа, па е одлично за оние кои немаат многу искуство.

8-rastenija-shto-go-prochistuvaat-vozduhot-vo-domot-02.jpg

Красула (лат. Crassula)

Во истото истражување се наведува дека и ова растение е одлично за воздухот во домот. Красулата е вид сукулент и сака светлина, па можете да го чувате покрај прозорецот. Во пролет и лето потребно му е многу наводнување, а во студените месеци наводнувајте го само откако ќе се исуши почвата во саксијата.

8-rastenija-shto-go-prochistuvaat-vozduhot-vo-domot-03.jpg

Папрат лат. Nephrolepis)

Постојат неколку видови папрат, а оној од родот Nephrolepis e најдобар за прочистување на воздухот. Истовремено, ова растение ја зголемува и влажноста на воздухот. Растението може да вирее и во помалку осветлена просторија, а бара редовно наводнување.

8-rastenija-shto-go-prochistuvaat-vozduhot-vo-domot-04.jpg

Англиски бршлен (лат. Hedera helix)

Англискиот бршлен го филтрира воздухот и ја зголемува влажноста во просторијата. Само, доколку чувате милениче држете го понастрана од него, бидејќи листовите можат да бидат отровни. Бршленот не бара многу наводнување и не му треба директна сончева светлина.

8-rastenija-shto-go-prochistuvaat-vozduhot-vo-domot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...
Хризантема, мандарина: 8 растенија кои носат среќа во домот, според народните верувања Многу народи го користат босилекот како лек за разни болести. Поради ова, се вер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg