Предвесник на пролетта: Кокиче - мал, нежен цвет кој му пркоси на студенилото

До почетокот на пролетта нè дели уште еден месец. Но, белите упорни цвеќенца кои никнуваат дури и на снег, му пркосат на студот и сивилото и се вистински предвесници на сезоната во која се буди сè.

Prviot-vesnik-na-proletta-kokiche-01.jpg

Кокиче. Родот вклучува околу 20 ниски, многугодишни растенија кои им припаѓаат на семејството кокичиња. Кокичињата се првите растенија кои цветаат пред да започне пролетта, неретко дури и пред да се стопи снежната покривка.

Имаат снежно бели венечни ливчиња (6 на број), кои речиси се целосно сраснати, со многу пријатен мирис.

Само надворешните три венечни ливчиња се одделени, додека останатите се сраснати. Во средина на цветот се наоѓаат толчникот и прашникот.

Погледнете ги најубавите кокичиња на Инстаграм. Зарем има поубаво цветче?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава