3 цвеќиња кои ја симболизираат пролетта, го разубавуваат секој простор и се лесни за одржување (фото)

Иако можеби не ни изгледа така во моментов, факт е дека пролетта е пред нас со своите топли сончеви зраци и боите што го исполнуваат секој агол. Три видови на саксиски цвеќиња се издвојуваат од сите останати, симболизирајќи го доаѓањето на пролетта и разубавувајќи го секое катче од домот.

3-cvekinja-koi-ja-simboliziraat-proletta-01.jpg

Уште денес набавете си едно од овие 3 цвеќиња и направете си го домот посреќно и поубаво место за живот:

Каланхоа

Каланхоа е живописно долговечно растение кое има многу богата историја, а потекнува од тропскиот дел на Мадагаскар.

Станува збор за прекрасно растение со многу долготрајни цветови во нијанси на портокалова, црвена, жолта, розова или бела боја.

Спатифилум

Според многумина, ова растение е најубавиот пролетен цвет. Легендата вели дека тој привлекува љубов за осамените девојки, додека на мажените им носи хармоничен брак.

Оттука доаѓа и популарното име помеѓу народот – „женска среќа“.

Циклама

„Cyclamen persicum“ или „персиска циклама“ е единствениот вид од овој род кој се одгледува како саксиско цвеќе.

Расте и во Алжир и Тунис и на грчките острови Родос, Карпатос и Крит, каде што се претпоставува дека можеби го донеле монасите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава