Сукулент со ливчиња во форма на делфини – одлична декорација за домот

Со ливчиња кои наликуваат на мали делфини, ова растение ќе ве освои уште на првиот поглед. Притоа, многу е лесно за одгледување, па погодно e за луѓе кои немаат многу искуство со растенија.

sukulent-so-livchinja-vo-forma-na-delfini-odlichna-dekoracija-za-domot-01.jpg

Растението Senecio peregrinus, во некои земји познато и како „ѓердан од делфини“, сигурно ќе ве освои со уникатниот изглед.

Ова растение е сукулент, но неговите гранчиња можат да пораснат многу долги, а она што го прави најинтересно се ливчињата кои наликуваат на мали делфини.

А, ако го одгледувате правилно, помеѓу мај и јуни може и да расцвета.

Растението не поднесува студ, па во студените месеци ќе треба да го чувате на топло место.

Исто така, потребна му е светлина, но не директна и, генерално, лесно е за одгледување.

Во лето треба да го наводнувате еднаш неделно, односно додека не забележите дека земјата во саксијата е сува. Во постудениот период доволно е да го наводнувате и само еднаш месечно.

Важно е растението да има саксија со добра дренажа – во спротивно листовите ќе почнат да се сушат.

Неколку фотки кои ќе ве натераат уште денес да си го набавите ова растение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...

Најчитани неделава