Жолт јасмин и уште неколку прекрасни, но смртоносни цвеќиња

Овие цвеќиња можеби изгледаат безопасно, но содржат токсини и отровни материи кои можат да бидат опасни како за луѓето, така и за домашните миленици.

zholt-jasmin-i-ushte-nekolku-prekrasni-no-smrtonosni-rastenija-01.png

Погледнете во продолжение со кои цветови треба да бидете внимателни:

Жолт јасмин

Жолтиот јасмин е градинарско растение, омилено поради обилните жолти цветови што ги има во лето. Но, дали знаевте дека тоа е исто така едно од најсмртоносните цвеќиња?

Содржи невротоксични алкалоиди кои влијаат на нервните завршетоци и можат да предизвикаат парализа и мускулна слабост кај животните и луѓето. Сите делови на растението се отровни, но најмногу треба да се внимава со цветовите и корените.

zholt-jasmin-i-ushte-nekolku-prekrasni-no-smrtonosni-rastenija-02.png

Едич

Тоа е едно од оние смртоносни цвеќиња што изгледаат прекрасно и цветаат во лето, но може да предизвикаат повраќање, треска или дијареа кај луѓето и домашните миленици.

zholt-jasmin-i-ushte-nekolku-prekrasni-no-smrtonosni-rastenija-03.png

Ипомеја

Самото помирисување на цветот, може да предизвика дијареа, повраќање или халуцинации. Децата особено ги сакаат убавите цветови на ова растение, па затоа внимавајте.

За среќа, ако се случи вашето дете да сака да го проба ова цвеќе поради љубопитност, тоа не е опасно освен ако детето не се задави.

Но, семето може да биде отровно, особено во големи количини, бидејќи содржи хемикалија слична на халуциногената дрога ЛСД.

zholt-jasmin-i-ushte-nekolku-prekrasni-no-smrtonosni-rastenija-04.png

Беладона

Веројатно сте читале криминални романи или сте гледале телевизиски серии кои вклучуваат труење со беладона.

Римјаните користеле беладона како биолошко оружје за да ги контаминираат резервите на храна на нивните непријатели.

Во драмата на Шекспир, Магбет, шкотската војска ги победува Данците со тоа што им става беладона во алкохолот, предизвикувајќи длабок сон што ги остава во беспомошна состојба. 

zholt-jasmin-i-ushte-nekolku-prekrasni-no-smrtonosni-rastenija-05.png

Орнитогалум

Овој смртоносен цвет што цвета кон крајот на пролетта или почетокот на летото, содржи срцеви гликозиди кои имаат несакани ефекти опасни по живот. Никогаш не треба да го користите како лек.

zholt-jasmin-i-ushte-nekolku-prekrasni-no-smrtonosni-rastenija-06.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава