Бели дамки на лисјата и уште 7 промени на растенијата кои не треба да ги игнорирате

Пожолтените лисја можат да укажуваат на неколу работи - премногу или премалку вода, но и проблеми со корените.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-7-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Растенијата се одличен украс за домот, но си бараат одредена грижа.

Сепак, колку и да се грижите за нив, сигурно ви се случило да забележите некоја негативна промена, а да не знаете зошто.

Во продолжение најчестите промени кај растенијата и зошто настануваат:

Паѓање на лисјата

Кај некои растенија, паѓањето на лисјата е нормално, па најпрво истражете дали ова е карактеристично за вашето растение.

Некогаш лисјата на растението паѓаат кога тоа пробува да се адаптира на нова околина, особено ако го преместите на потемно место.

Лисјата можат да почнат да паѓаат и ако треба да го пресадите растението во поголема саксија.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Пожолтени лисја

Постојат неколку причини за пожолтувањето на лисјата.

Најпрво можеби има премногу или премалку вода. Ако почвата е многу влажна, корените не можат да ги впијат хранливите материи што му се потребни на растението, па листовите пожолтуваат.

Сличен ефект настанува и кога растението нема доволно вода – тоа не ги добива потребните хранливи материи и лисјата почнуваат да пожолтуваат.

Во овој случај важно е да откриете колку вода му треба на вашето растение и да го наводнувате според тоа.

Некогаш лисјата на растенијата пожолтуваат и кога има проблеми со корените.

Можете да ги проверите корените така што малку ќе го извадите растението од саксијата. Треба да имаат бела или многу светло жолта боја.

Ако сте темни и имаат непријатен мирис, веројатно ќе треба да го замените растението.

Исто така, лисјата пожолтуваат и ако на растението му треба поголема саксија.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

Свиткани лисја

Ако лисјата на растението почнуваат да се виткаат, тогаш тоа пробува да ја задржи водата во него.

Ова се случува кога растението е изложено на многу висока и температура, така што водата од него испарува побрзо.

За да го решите овој проблем, ставете го растението на постудено место.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-04.jpg

Кафеави врвови на лисјата

Врвовите на растението можат да станат кафени ако му ставате премногу или премалку вода, или ако е изложено на многу светлина.

Ако врвовите се и суви и се ронат кога ќе ги допрете, тогаш дефинитивно треба да му ставате повеќе вода на растението.

Исто така, препорачливо е да ги исечете оштетените листови.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги ис...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Дворче во Градско со лулашки личи на вистинско игралиште и е сон за секое дете (фото) Освен лулашките, во дворчето на Даниела и Томе има и летниковец со хамок, но и и...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg