Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Кувар/ка 20-03-2023
Правник 20-03-2023


5 совети со кои домашните растенија ќе ја преживеат зимата

Ставајте им помалку вода, не ги чувајте во близина на грејно тело и ако немате навлажнувач на воздух, два-трипати во денот прскајте ги со малку вода.

5-soveti-so-koi-domashnite-rastenija-kje-ja-prezhiveat-zimata-01.jpg

Во зимските месеци мора да направите неколку промени во грижата за домашните растенија доколу сакате да ја преживеат сезоната.

Повеќето домашни растенија не се имуни на зимскиот студ и намаленото количество на сончева светлина, па треба да обрнете внимание на неколку ситници.

Важно е да знаете дека во зимските месеци повеќето растенија ќе растат многу побавно.

Затоа, немојте да се грижите ако не забележите никаков напредок кај растенијата, сè додека нема други проблеми во нивниот изглед.

Пет едноставни совети што ќе ви помогнат да се грижите за растенијата во зима:

Променетe ја рутината за наводнување

Во зимските месеци на растенијата им треба помалку вода, без разлика што ги чувате во просторија во којашто има греење.

Во овој период тие растат побавно, а некои и целосно го прекинуваат растењето, па немаат потреба од многу вода.

Ако ги наводнувате исто како во летниот период, постои опасност коренот да скапе.

Секое растение има различни потреби за вода и ако ги знаете, лесно можете да го адаптирате наводнувањето за во зима.

Односно, ако некое растение сте го наводнувале секој ден, во зимските месеци наводнувајте го на секои 2-3 дена. 

Ако не сте сигурни, лесно можете да пребарате онлајн колку вода му е потребна на секое растение во зависност од годишната сезона.

5-soveti-so-koi-domashnite-rastenija-kje-ja-prezhiveat-zimata-02.jpg

Обрнете внимание на нивото на влажност

Во зима, воздухот во домот е посув поради грејните тела, но ова може да биде штетно за растенијата.

Ако имате навлажнувач за воздух во домот, потрудете се растенијата да бидат во негова близина.

Доколку немате, покрај растенијата можете да ставите садови полни со вода кои ќе направат разлика во влажноста на воздухот околу нив.

Можете и два-трипати во текот на денот да ги прскате растенијата со вода.

5-soveti-so-koi-domashnite-rastenija-kje-ja-prezhiveat-zimata-03.jpg

Обрнете внимание на температурата

Пoвеќето домашни растенија можат да издржат ако температурата во домот е помеѓу 18 и 25 степени во текот на денот, и над 10 степени навечер.

Но, немојте никако да пробувате да ги „стоплите“ растенијата поставувајќи ги во близина на грејни тела. Со ова само ќе ги исушите.

5-soveti-so-koi-domashnite-rastenija-kje-ja-prezhiveat-zimata-04.jpg

Овозможете им доволно сончева светлина

На некои растенија им треба сончева светлина во поголемиот дел од денот. Ако имате вакви, ставете ги во близина на прозор. Само, немојте да ги ставате веднаш до прозорот, особено ако има малку провев.

Растенијата кои немаат потреба од многу светлина, ставете ги на место каде што барем еден период од денот има директна сончева светлина.

5-soveti-so-koi-domashnite-rastenija-kje-ja-prezhiveat-zimata-05.jpg

Не употребувајте ѓубриво

Во зимските месеци можете да го прескокнете ѓубривото за растенијата.

Како што веќе спомнавме, овој период тие растат побавно и немаат потреба од дополнителни хранливи материи од ѓубривото.

Исто така, додека трае зимата не е препорачливо да ги пресадувате.

5-soveti-so-koi-domashnite-rastenija-kje-ja-prezhiveat-zimata-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто растенијата ви „умираат“ речиси веднаш откако ќе ги купите Сувиот воздух во домот, особено во грејна сезона, може да претставува проблем за...
Пампас трева, банана дрво: Совршено уреденото дворче на Анета во битолското село Канино (фото) Омилената пампас трева, која инфлуенсерките ја користат за декорација на домот, ...
Илија од беровско направил цветна оаза во својот двор: „Имам над 300 кактуси и сукуленти, сам се гри... „Сакав да одгледувам кактуси и сукуленти уште кога бев мал, а сега ми се оствари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg