На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото)

„Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно со сопругот. Преовладуваат белата боја како и антрацит, со детали во топли тонови, како тиркизно и жолто. Најмногу уживаме во кафето на нашата тераса, која има поглед кон природа. Имам и библиотека со повеќе од 150 книги“, раскажува Силвана Аврамовска Софронијоска (29) за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-01.jpg

Силвана Аврамовска Софронијоска (29), по професија правник, живее со сопругот во стан од 72m2 во Скопје.

Taa вели дека внимава на секој детаљ во уредувањето, а најомилени ѝ се библиотеката и терасата со поглед кон зеленило.

За уредувањето на станот Силвана открива за CRNOBELO.com:

„Уште пред да почнеме да го уредуваме станот знаев дека мора да имам библиотека и тиркизна гарнитура во дневната соба.

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-03.jpg

Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно со сопругот. Преовладуваат белата боја како и антрацит, со детали во топли тонови, како тиркизно и жолто.

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-08.jpg

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-02.jpg

Ако нешто треба да издвојам како детаљ и контраст во станот, тоа е тиркизната аголна гарнитура со жолти и сиви перничиња, која дополнително го отвора дневниот простор и му дава топлина.

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-25.jpg

За боите во кујната, јас сакав бела боја, а сопругот антрацит, па така горниот дел ни е бел, а долниот антрацит, споен со мермерен ефект на плотна.

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-17.jpg

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-22.jpg

Исто би ја издвоила и винаријата со задимено сиво стакло која беше целосна замисла на сопругот и навистина одлично ја надополни кујната.

na-gosti-kaj-silvana-stan-od-72m2-vo-skopje-so-biblioteka-i-tirkizna-garnitura-foto-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...

Најчитани неделава