На гости кај Давор - Dave’s Kitchen: Стан од 50m2 во Скопје, комплетно уреден со мебел од IKEA (фото)
Спалната соба е опремена со аголен гардеробер кој иако изгледа мал, собира еден тон облека.

Спалната е сива, со ногарки и фиоки и висок душек бидејќи отсекогаш ја имав замислата за висока спална, па оваа е 95cm.

Во делот позади вратата во спалната соба има вдлабнатина поради носечките столбови, па единствено идеално решение беше да се направат полици за домашна библиотека.

Тоалетот е опремен со стаклена туш-кабина, елемент кој има мермер како работна површина.

Изборот за мермер беше поради тоа што машината за перење изгледа поелегантно, а мијалникот доаѓа повеќе до израз.

На едниот ѕид во туш-кабината направив две вдлабнатини во ѕидот како држачи на гел за туширање и шампони.
Избрав и специфично огледало“.

Повеќе фотографии од станот на Давор:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
