Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња

„Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на станот, иако е помал од 50 m2. Но за да внесам „живот“ на функцијата на просторијата, избрав стил на внатрешно уредување кој основно ќе го дефинирам како скандинавски, со неутрални бои, во кој преовладува белата и пастелна минт боја“ - вели за CRNOBELO.com Катерина (35). 

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-01.jpg

Катерина Павлова (35) работи како софтверски инженер, а живее во стан од 48m2 во скопски Аеродром.

Специфично за станот е што во него е посебно нагласена пастелната минт боја – од ѕидови, до елементи и мали украси.

Со оваа боја совршено се надополнуваат големиот број растенија и цвеќиња, за кои Катерина вели дека ѝ создаваат свежина и позитивна атмосфера во домот.

Кујната пак, изгледа прилично големо за простор помал од 50m2 и е идеално организирана со мини тегличките со зачини, стаклените вратички од елементите и шолјите во минт боја кои висат.  

За уредувањето на домот, Катерина раскажува подетално за CRNOBELO.com:

Во станот живеам скоро 4 години. Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на станот, иако е помал од 50 м2, самиот распоред дозволуваше добро да се распоредат елементите во кујната, да имам простор за трпезарија и дневен простор кој ги содржи потребниот мебел и елементи.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-28.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-09.jpeg

Распоредот на станот даваше можност секоја од просториите да си ја задоволува својата намена и функција.

Но за да внесам „живот“ на функцијата на просторијата, избрав стил на внатрешно уредување кој основно ќе го дефинирам како скандинавски, со неутрални бои, во кој преовладува белата и таа е основната боја преку која акцент е ставен на детали во пастелна минт боја.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-29.jpeg

Уредувањето на ентериерот го препуштив на сестра ми која е архитект по професија и секако ги почитуваше моите желби за ентериерното уредување.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-08.jpeg

Но, употребата на пастелна минт боја на ѕид беше нејзина идеја која беше лесно прифатена од моја страна па акцент со минт зелена боја дадовме и на елементите на кујната.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-20.jpg

Како боја што лесно ја прифатив и ми се врежа во меморијата, понатаму некако доведе до тоа многу од деталите да бидат во пастелни бои со земјени тонови.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-22.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...

Најчитани неделава