На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото)

„Во мојот дом ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат светлина и создаваат привлечна атмосфера со големите прозорци со полутранспарентни ленени завеси. Бојата на ѕидовите ја правев специјално“, споделува шминкерката Маги Медичи за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-01.jpg

Маги Медичи е професионален шминкер и медицински козметолог, како примарна професија.

Низ годините работеше како моден стилист – моден уредник во магазинот „Убавина и Здравје“ и соработник на „Академија за дипломатски протокол“ Скопје, каде ги држи обуките за деловна шминка.

Маги живее во стан од 60m2 во Скопје, кој е навистина уникатно уреден, со внимание на секој детаљ.

За уредувањето на нејзиниот дом таа споделува за CRNOBELO.com:

„Добредојдовте во мојот персонализиран спој на ретро современ дизајн и елегантни готски детали.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-16.jpeg

Уредувањето на овој наш прекрасен простор, го направивме сами со партнерот, затоа што конкретно јас имам специфична замисла, па мачно е некој да ми ги исполни очекувањата и да ми го долови вкусот.

Обожавам детали и украси и тоа, секако, мора да се вклопи со целата идеја за идеален дом.

Важно ми е живеалиштето да ми има личен белег и мој потпис за да го чувствувам блиско.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-02.jpeg

Кога влегувате внатре, ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат светлина и создаваат привлечна атмосфера, што преплавува низ големите прозорци со полутранспарентни ленени завеси.

Бојата на ѕидовите ја правев специјално, за да додаде светлина на просторот, секогаш кога ќе допре сонце до него.

Домот се развива како приказна, секоја просторија е уникатно поглавје исполнето со карактер.

Како што влегувате, внимателно одбраните уметнички дела ви нудат спокој преку спој на минатото и сегашноста.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-03.jpeg

Природната светлина тече слободно, фрлајќи разиграни сенки кои го подобруваат еклектичниот декор.

Просторот има допир на ретро шмек, а навестувањето на готска романса се забележува во украсените златести огледала, избраните готски свеќници и акцентите на темно дрво во трпезаријата, со зелени столици за топла комбинација.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-04.jpeg

Внимателно одбраните модерни уметнички слики беспрекорно се вклопуваат со другите модерни елементи за хармонично, современо чувство.

Секако дека и мојата опседнатост со свеќи и свеќници е доста забележлива (ха-ха).

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...

Најчитани неделава