На гости кај Симона: Стан на Македонка во мало, германско гратче покрај Боденското Езеро (фото)
Преовладува белата боја, само со мала комбинација на црни детали, за да остане светол и свеж и остава простор за промени во деталите, во зависност од желбата.

Тоа што го затекнавме со самото вселување беше бањата и таму воопшто ништо не променивме.

Ги обожаваме природните материјали. Кај нас преовладува дрвото. Некако му дава топлина на домот и атмосферата.

Преселувањето во нов дом може да биде возбудливо и стресно истовремено, особено ако не знаете какви видови стилови на внатрешен дизајн сакате.

Јас сакам и модерен и традиционален и бохо и минималистички.

И со бескрајните идеи на Пинтерест, природно е да се чувствувате малку преоптоварени при изборот на совршен стил на внатрешен дизајн за вашиот простор.

Многупати сега знам пиејќи го кафето кога штотуку сум средила и исчистила сама на себе да си кажам: „Убав и чист дом = среќен дом“. Па, сметам дека тоа е и најважно.
