Во домот на водителката Ева Јовановска: Дуплекс од 78m2 во Скопје, со подвижни скали кои водат до вториот кат

Еден дел од ѕидот е обложен со дрвени панели, кои внесуваат природна топлина и создаваат баланс.

Подот е посебна приказна – со уникатен мозаик од плочки што додаваат доза на артистичност и ја разбиваат монотонијата на просторот.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-22.jpg

Дневната соба ми е омилен дел од станот, зрачи со топлина и гостопримливост.

Пространа и светла, таа е уредена со модерна италијанска гарнитура во сиви тонови, а зелените декоративни детали на вештачка трева даваат посебен шмек.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-10.jpg

Спроти гарнитурата е поставен делот за телевизорот и други лични работи.

На полица над телевизорот стојат и трите круни кои ги освоив на изборите за убавина на кои учествував.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-02.jpg

Големите прозорци во станот овозможуваат природната светлина да ја исполнува просторијата, создавајќи пријатна атмосфера за релаксација или дружење со пријателите.

Трпезариската маса има софистициран и модерен дизајн, нејзината црна боја е надополнета со суптилни светли линии кои имитираат природни мермерни вени, додавајќи елеганција и луксузен изглед.

Овој сет на маса и столчиња носи минималистичка, но раскошна естетика, правејќи ја трпезаријата стилски простор.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-13.jpg

Терасата има убав поглед кон населбата во којашто живеам и тука го пијам моето утринско кафе кога не е многу ладно.

Оградата од стакло додава модерен и елегантен допир, овозможувајќи непречен поглед и чувство на отвореност.

Подот е украсен со геометриски плочки во неутрални нијанси, кои внесуваат динамика и стил.

Во центарот е поставена компактна тркалезна маса со светла камена површина и стабилна црна метална основа.

Опкружена е со две елегантни сиви столчиња со метална конструкција и минималистички дизајн.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-77.jpg

Во станот има две спални соби.

Спалната соба на долниот кат е оаза на мир и удобност.

Преовладуваат неутрални и сини тонови, има минималистички, но елегантни детали и за мене таа е совршено место за релаксација.

Големиот кревет со удобен душек и меката постелнина ми гарантираат квалитетен сон.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-28.jpg

Еден од највпечатливите елементи во станот се подвижните скали кои водат до вториот кат - тие се спуштаат и креваат на копче.

Овој иновативен дизајн не само што додава естетска вредност, туку и практичност, овозможувајќи лесен пристап до горниот дел од дуплексот.

Скалите се комбинација од метал и дрво, што придонесува за современ и елегантен изглед.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-14.jpg

На вториот кат се наоѓа втората спална соба, во која има и тоалет, што го прави горниот кат целосно функционален и независен простор во станот.

Спалната соба е уредена во смирувачки тонови, слична на таа од долниот кат.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-31_copy.jpg

Но, уникатен и интересен детаљ е витражот кој се наоѓа зад креветот.

Над самиот кревет, на плафонот има прозор, па светлината во спалната влегува преку кровот.

Секој агол од станот раскажува своја приказна, одразувајќи го мојот вкус“.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-35_copy.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
Во домот на Невенка и Гаврило во Штип: Дуплекс од 156m2, со ограда од ковано железо во дневната и му... „Во салонот централно место зазема пијаното, а над него во застаклена витрина е ...

Најчитани неделава