На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и дрво (фото)
Има голем двоен кревет со тапацирана табла. Од страна е поставена тоалетна маса со огледало, а подолгиот ѕид е обоен во тиркизна боја.

Бањата го продолжува стилот на целиот стан - функционална и модерна.

Просторот е целосно искористен со практични елементи: туш-кабина со стаклено затворање, лабаво со вграден плакар и големо огледало.
Комбинација на црни и бели плочки, со додавање на природни детали изработени од бамбус.

Станот има голем балкон - едно од нашите омилени места.
Со поставени две столици, мала маса и зелен ѕид, балконот е вистински урбан рај.

Тука често го започнуваме денот со кафе или ја завршуваме вечерта со чаша вино и поглед кон зајдисонцето над Скопје.

Како архитект ми беше важно да се постигне хармонија меѓу формата и функцијата, со стил и топлина - создавајќи место каде што животот се живее полека, со вкус и со љубов“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
