На гости кај Драгана и Михаил: Есенски декориран стан во Скопје, каде мебелот е изработен од Михаил (фото)
Библиотеката ми е уште во процес на изработка – половично завршена, а книгите сè уште не се целосно донесени.

Но, токму тоа ми е и една од најголемите желби – да ја наполнaм до последната полица и да имам уште неколку вакви библиотеки.

Михаил, кој има повеќе од дваесет години професионално искуство во изработка на плочест мебел, е заслужен за 90 проценти од ентериерот – идеите се мои, а тој ги реализира со голема прецизност и чувство за детали.

За декорот не се потребни големи финансии, туку креативност и љубов.

Купував од секаде по нешто – од нашите достапни продавници за дом, комбинирајќи природни материјали, топли бои и детали кои ја доловуваат есенската магија.

Верувам дека домот треба да биде одраз на душата, и дека секој агол може да стане убав кога е направен со љубов“.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
