На гости кај Никола: Есенски украсен стан во Скопје со портокалови нијанси, свеќи и тикви (фото)
Декоративниот камин, кој е централен дел на мојот дом во секоја сезона, и оваа есен е украсен со декоративни тикви, свеќи и венче, создавајќи совршена рамнотежа помеѓу топлина и стил.

Во аглите додадов ситни детали како сушени лисја, венчиња од природни материјали и мирисни свеќи со арома на ванила.
Секој елемент има своја улога во создавањето на топла есенска приказна, во која уживам секојдневно.


За мене, есенското уредување не е само декорација, туку начин да се почувствува сезоната – да се внесе природата во домот и да се создаде простор што смирува и инспирира.


Мој совет до сите љубители на уредувањето е дека не е потребно многу за да создадете есенска магија во домот – неколку свеќи, топли нијанси и природни елементи можат да направат вистинско чудо.

Дозволете есента да ви влезе во домот и секој ден нека биде мала, топла приказна“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
