На гости кај Никола: Есенски украсен стан во Скопје со портокалови нијанси, свеќи и тикви (фото)
- Детали
- сабота, 01 ноември 2025
„Со доаѓањето на есента, мојот дом добива сосема нова, потопла атмосфера. Топлината на есента во мојот дом ja внесувам со портокалови нијанси, многу свеќи и тикви што го оживуваат просторот“, вели Никола Блажевски од Скопје за CRNOBELO.com, која секоја година го декорира својот дом.

Никола Блажевски од Скопје секоја година ја пречекува есента со многу љубов и есенски декорации.
Тој сака неговиот дом да биде пример како со мали детали, природни материјали и топли бои може да се создаде атмосфера што смирува и инспирира.
Неговото чувство за естетика и детали секогаш се забележува, особено кога станува збор за сезонско уредување на домот.
За есенското уредување на неговиот дом тој за CRNOBELO.com вели:
„Со доаѓањето на есента, мојот дом добива сосема нова, потопла атмосфера.

Ова е период кога природата ни подарува најубави бои – златна, жолта, кафеава и, секако, портокалова.

Токму портокаловата боја е онаа што преовладува во моето есенско уредување.

Таа внесува живост, топлина и чувство на удобност, совршено вклопена со меките текстури и мирисот на свеќите.

Во дневната соба поставив неколку нови перници во различни нијанси на портокалова и теракота, кои веднаш му даваат карактер на просторот.


На масичката се наоѓаат декоративни тикви, симбол на есента, во комбинација со неколку свеќи што создаваат пријатна, романтична светлина во вечерните часови.

