Никола од Скопје ја накити елката во ноември: „Верувам дека тие што порано внесуваат празнична атмосфера во домот се посреќни“
Не ја правам магијата сам. Украсувам со помош на блиските пријатели, а домот за тие два дена се полни со смеа, музика и едно прекрасно чувство на заедништво.
Тој процес не е само украсување - тоа е создавање атмосфера, спојување емоции и споделување радост.


А оваа сезона? Толку ми е удобно дома, што ретко имам желба да излезам. И изгледа не сум единствениот - домот постојано е полн со гости.
Како да ги привлекува празничната топлина; некогаш имам чувство дека елката сама ги кани.
Новогодишните украси не ми се само декор. Тие се знак дека полека заклучувам една година и со радост ја отворам следната.


Да се украси порано не е мода - тоа е чувство.
Тоа е избор да го пуштиш светлото малку порано во животот, да му дадеш на домот душа, а на срцето причина да се насмевне пред време“.
Погледнете повеќе фотографии:






©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
