На гости кај Пале: Празнично украсен стан во Струмица со елеганција, класично уредување и драперии (фото)
Особено значење имаат трите лампиони со имињата на моите внуци — Маја, Ѓорѓи и Матеј. Тие се најнежниот дел од елката и најголемата радост во срцето.

И празничната трпеза ја подготвувам со истата возбуда. Свечено украсената маса не е само место за јадење, туку сцена за заеднички моменти, смеа и блискост.


За време на празниците, често знам да преместам некој украс, да сменам детаљ, да му дадам нов ритам на просторот и повторно да се израдувам на свежиот изглед на домот.

Се надевам дека празниците донесоа светлина во секој дом, а Новата 2026 година нека биде среќна, успешна и исполнета со здравје, љубов и многу насмевки“.







Прочитајте и На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни детали (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
