На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за складирање
Во иднина ќе имаат нивно катче каде што ќе се закачуваат нивните изработки.
Сега, тука се персонализираните дрвени изработки, кои наскоро ќе се дуплираат со новиот член.

Мебелот уште од почетокот е во неутрални бели и дрвени тонови, сметам дека е супер основа за да може да се додадат секакви детали и истите да се менуваат според потребите понатаму.

До пред еден месец целата соба беше повеќе наменета за девојче, но со последните промени се фокусиравме на пошарени детали, кои ќе бидат прикладни за двата пола во догледен период.

Верувам дека подоцна секој ќе си одбере што сака за својата страна и секако ќе се водиме по нивните желби.

Искрено, немаме омилени детали, бидејќи се биравме и правевме со мерак и сè уште ни е свежо и ново, сè ни се допаѓа и не би можеле да издвоиме само една или две работи.

Генерално мене конкретно секогаш ќе ми останат омилени персонализираните изработки кои ќе ги чувам до крајот на животот“.


Kликнете на видеото од детската соба:
Прочитајте и На гости кај Никица и Дамјан: Стан на Македонци во Хановер во кој сопствениците сè направиле сами (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
