На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на тегет боја (фото)

Во спалната исто така доминира тегет боја, бидејќи ми беше важно целиот стан да има целина и секоја просторија да се надоврзува на другата.

Кујната најчесто ја користи сопругот, кој е љубител на готвење и сака да експериментира со различни видови храна. Во кујна најчесто се готви тестенини.

Нас ни беше многу важно домот да има топлина и светлина, па затоа избравме светли тонови за ѕидовите.

На почетокот сопругот посакуваше темни тонови, но сега сфаќаме дека тоа би го затемнило просторот.
Архитектот многу ни помогна со советите, особено кога не можевме да се одлучиме за некои детали, и ни помогна да ги споиме нашите идеи во една целина.

Викендите се резервирани за гледање фудбал, што е голем дел од животот на сопругот, а кај нас дома тоа е главната програма на телевизија.

