На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на тегет боја (фото)
- Детали
- сабота, 21 март 2026
„Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна атмосфера, додека некои нежни детали внесуваат чувство на топлина и удобност. Архитектот при уредувањето ни помогна со одлични идеи“, вели Драгана Илиески (25) од Скопје за домот каде живее со сопругот Антонио.

Драгана Илиески (25) од Скопје и Антонио Илиески (29) од Скопје се основачи на малиот бизнис „Замрзнато шумско овошје“, а Антонио е активен и како професионален фудбалер.
Тие живеат во скопската населба Хром во стан со површина од 65m2 и велат дека нивниот дом е нивно прибежиште.
Драгана вели: „Нашиот ден е исполнет со обврски, но мирот и среќата ги наоѓаме дома. Нашиот дом е место каде владеат љубов, хармонија и топлина“.

Таа за CRNOBELO.com споделува детали за уредувањето на домот:
„Кога го средувавме станот во Хром, со површина од 65m2, најголемо внимание посветивме на дневната соба, бидејќи таму поминуваме најмногу време заедно.

Станот има две спални, дневна, ходник и бања, а архитектот ни помогна да ги реализираме нашите идеи и да го искористиме максимално просторот.

Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна атмосфера, додека некои нежни детали внесуваат чувство на топлина и удобност.

Моментално целосно сме фокусирани на детската соба, бидејќи станавме родители за првпат.

Сакавме просторот да биде светол, топол и пријатен за нашето бебе, па доминира белата боја со акценти во златно и розево.

Се трудиме секој детаљ да биде внимателно избран. Па, така од завесите, кои ја даваат топлината во просторот, до мебелот и декорациите.

