Во велигденскиот дом на Верче во Скопје: Јајца фарбани со цвекло и светкава фолија, ѝ помагал синот Тадеј (3)
- Детали
- петок, 10 април 2026
„Оваа година дел од велигденските јајца ги боев со природни бои од цвекло и ги украсував со светкава фолија за поелегантен изглед, а дел од инспирацијата задржав и од минатата година со декупаж техника“, вели Верче Додевска за CRNOBELO.com.

Верче Додевска (31) од Скопје е агроном инженер и сопственичка на мал креативен бизнис за уникатни и елегантни подароци „Galaxy&Golden Rose“. Таа е мајка на Тадеј (3) и сопруга на Дарко.

Верче секоја година со многу љубов го украсува својот дом за Велигден, а со исто толку љубов ги фарба и велигденските јајца.

За CRNOBELO.com, таа вели:
„За мене, Велигден е празник на светлина, нови почетоци и семејна радост.

Симболиката на јајцето како знак на живот и повторно раѓање секогаш ме инспирира, а овој период ми е особено драг бидејќи роденденот на Тадеј е токму околу Велигден, па радоста кај нас дома е двојна.

Оваа година дел од велигденските јајца ги боев со природни бои од цвекло и ги украсував со светкава фолија за поелегантен изглед, а дел од инспирацијата задржав и од минатата година со декупаж техниката.

Сакам да експериментирам со различни бои и шари и секогаш е убаво да ги видам резултатите.

Сепак, најголема радост ми е тоа што Тадеј ми помага во боењето.
