Ретро куќичка од бајките (фото)

Додека е надвор ладно и магловито во домот на Дражен Сеиферт во Света Недела, близу Загреб може да уживате во вистинска топлина.

retro-kukjicka-od-bajkite-foto-01

Романтичниот и опуштен звук додека напукнуваат дрвата во каминот,направен од 350 цигли, оваа мала, но добро осмислена куќичка ја прави да изгледа како од бајките.

Домот чија првична намена била за викендица го красат избрани детали кои веќе се делумно неупотребливи, односно им поминала модата и издржале доволно долго време за да бидат заменети со нови.

Дражен знаел вешто да ги искористи и пренамени. Да им даде поинаков живот и на предметите и душа на домот. Ретро предмети кои ги собрал од својата куќа или ги купил на пазар каде се продаваат стари и веќе употребувани предмети.

Стари дрвени фотелји кои тој ги нарекува „улични дами“, а кои му даваат шарм, топлина и позитивна енергија на домот.

Интересни стари часовници на кои Дражен најмногу се радува, целосно дрвена кујна и само природни материјали кои вистински ја богатат оваа инспиративна куќичка.

Спој на континентална природа и морската убавина кои сопственикот ги обединил на горниот кат на куќата каде се наоѓаат спалната соба, работното катче и бањата која во себе крие илјадници детали донесени и вклопени од островот Вис.

Интересните детали од минатото ги красат и маслинесто зелените ѕидови кои се обоени  на многу интересен стар начин, а со тоа на домот му дале живост и оригиналност.

Куќичка за вистинско романтично и релаксирано уживање.

Погледнете ја галеријата со сите детали:

Би можело да ве интересира:

Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветл... „Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg