Ретро џез кафуле кое ќе ве врати во минатото

Уметност и креативност е кога знаете и од нешто старо да направите нешто сосем ново. Кога на заборавените места ќе им дадете нов лик со стари предмети. Таква идеја имал и најкреативниот загрепски угостител, Ренато Хуљев.

retro-jazz-kafule-koe-ke-ve-vrati-vo-minatoto-01

Барот Мелин бил одамна запоставен и уништен, но со помош на интересни ретро детали како стари телевизори, свеќници, ламби, грамафонски плочи добил автентичен ретро изглед од 50-тите години на минатиот век.

Особено интересен е шанкот на кој се залепени пресирани неупотребливи труби, а старите телевизори се искористени како маси или витрини за шишиња со алкохол.

Звукот на грамафонските плочи може да направи навистина да се чувствувате како во друго минато време.

Најзастапена е џез музиката која во комбинација со целиот ретро ентериер ви дозволува да избегате од  модерното секојдневие и да помислите дека времето застанало само за вас.

Место кое вреди да го посетите:

Би можело да ве интересира:

На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
На гости кај Жиле и Рос: Винтиџ стан во Скопје со грамофон, флипер, детали од бувљак и уметнички дел... „Нашиот дом е мешавина од неколку стилови, винтиџ, бохо и индустриски ...
Училиште во скопски Карпош има кул уредено дворче – заедно прават украси од стари предмети, уживаат ... „Eдна огромна внатрешна дворна површина, некогашна руинирана фонтана без никаква...
Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...

Најчитани неделава