Најкул места за читање книги во светот

Иако можеби кај нас сѐ уште не е толку популарно, па дури и по малку чудно, читањето книги во кафулиња низ светот може да изгледа многу кул. Вообичаено на многу патувања посетуваме музеи и значајни споменици, плоштади. Но, кога ќе сакате да се одморите од прошетките и да се почувствувате како таму да припаѓате, добро е да посетите некои од најкул местата каде може да прочитате некоја книга.

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-1

Долгата соба, Даблин, Ирска

Главната одаја на даблинската Стара библиотека исполнета е со преку 200.000 прастари книги. Во должина на целата соба се поставени статуи на некои од најголемите филозофи и писатели кои некогаш живееле, па читателите може секогаш да бидат во друштво на големите великани на кои им се восхитуваат. За оние кои се вистински љубители на книжевноста ваквите места претставуваат најзначајни музеи.


Главна читална, Јавна библиотека во Њујорк

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-2

Оваа просторија ќе ги воодушеви сите писатели, архитекти, љубители на уметноста и сите оние кои знаат да го ценат воодушевувачкиот простор. Оваа голема просторија има огромни прозорци кои пропуштаат многу природна светлина. Плафонот е украсен со преубави фрески кои ве мамат да го тргнете погледот од книгите за момент и да уживате во уметноста која е над вас.


Кафулето Шекспир, Париз

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-3

Оваа книжарница неогаш ги пречекувала славните писатели како Хенри Милер и Ален Гинсбург, а денес ги пречекува читателите од сите делови на светот кои уживаат во лутањето меѓу полиците за да ја најдат вистинската книга. Во еден дел од книжарницата послужуваат кафе и колачи, па може на мир да седнете и да читате.


Истражувачка библиотека во музејот Ријкс, Амстердам

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-4

Сместена е во славниот музеј Ријкс, а при последното преуредуваање оваа библиотека е уредена како просторија со висок свод, каде на три спрата се сместени многу книги и весници. Посетителите се добредојдени да истражуваат низ богатата колекција и да уживаат во убавата архитектура.


Библиотека Бодлеиан, универзитет Оксфорд

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-5

Универзитетот Оксфорд сам по себе ве мами да се испружите на тревата и да уживате во читањето добра книга. Но, она што го прави уште поатрактивен е библиотеката која студентите популарно ја нарекуваат „Тhe Bod“.  Ќе се чувствувате како во некој волшебен филм, опколени со волшебни книги и суштества.


Клупата „Toms Bench“, Лос Анџелес

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-6

Оваа клупа ненадејно станала славна, после филмот „500 days of summer“. Пред филмот била тотално непозната, а сега е вистинска мамка за сите филмофили, но и место за уживање во добра книга, ако успеете да најдете слободно место.


Хотел La Cupula Hammock, Боливија

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-7

Во овој хотел може да се опуштите и да уживате во погледот на мирниот град и прекрасните планини. Залезот на сонцето е посебно величенствен. Во него може да уживате со добра книга соживувјќи се целосно со приказната. Внимавајте само да не се внесете прмногу во книгата, па да пропуштите некое од најубавите зајдисонца.


Лобито на хотелот Algonquin, Њујорк

najkul-mesta-za-citanje-knigi-vo-svetot-8

Некогаш предворјето на хотелот Algonquin било собиралиште на славните писатели, глумци и останати креативци. Денес служи како место за одмор, но секогаш може да земете добра книга и да уживате во читањето воодушевувајќи се на прекрасната архитектура која го задржала историскиот дух на 1920-тите години.

Би можело да ве интересира:

На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...
На гости кај Давор - Dave’s Kitchen: Стан од 50m2 во Скопје, комплетно уреден со мебел од IKEA (фото...  „При уредувањето најголем акцент ставив на кујната со оглед на тоа што го ...
Магичен бар покрај море во Неос Мармарас во кој ќе се чувствувате како на Санторини (фото) Ако ја сакате магијата на Санторини, а немате можност да одите таму, во Неос Мар...
Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg