Кога фантазијата станува реалност: Ова е најскапиот ресторан во светот

Ако некогаш сте помислувале дека најскапиот ресторан во светот е само оној со најскапа и најквалитетна храна и пијалак, тогаш треба да видите нешто сосем поинакво.

koga-fantazijata-stanuva-realnost-ova-e-najskapiot-restoran-vo-svetot-video-01

Ако треба да замислите во вашата најлуда фантазија некој најсовремен ресторан, повторно нема да се сетите на она што се досетил Пако Ронсеро.

Кога се вели дека соништата се исполнуваат, треба само да се верува. Ако ви го раскажува, сигурно нема да успее точно да го долови, бидејќи овој ресторан не е нешто близу или слично до неговата фантазија, туку е буквално и целосно излезен од неговата визија и создаден во реалноста.

Шпанскиот готвач Пако Ронсеро сакал на своите гости да им овозможи живописно доживување на храната, кое го постигнал со тематско менување на необичната трпезариска маса каде се јаде.

Ресторанот „Sublimotion“ се наоѓа на Ибица, а неверојатната цена од 1560 евра ја оправдува со визуелното доживување, високиот квалитет на храната, персоналот од 27 врвни професионалци и можноста во една просторија истовремено да јадат 12 луѓе.

Ѕидовите, подот, масата и плафонот со помош на фантастичното осветлување добиваат бои и лик со посебни пејзажи и комплетна околина која е во согласност со она што се јаде.

Покрај тоа, келнерите се облечени согласно тематиката на собата. Храната е уникатна, а и начинот на послужување и консумација.

Со оглед на тоа каде се наоѓа и колку се високи цените, засега, ваква ексклузивна вечера во живо може да си дозволат само оние со подлабок џеб.

Останатите може да ги погледнат видеото и фотографиите за да се уверат како сонот може да стане реалност и како изгледа најскапиот ресторан во светот:

Би можело да ве интересира:

Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Нема келнери, храната и пивото ви стигаат со вовче на шини - Локал во Прага е хит кај туристите, мор... Ако во скоро време одите на патување до Прага (имајќи предвид дека наскоро ќе им...
Домот на Нина Бадриќ на Хвар е како од бајка - Рустична камена куќа со тиркизни детали и медитеранск... Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитера...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...

Најчитани неделава