Се продава луксузниот калифорниски дом на Барни (фото)

Талентираниот глумец Нил Патрик Харис, попознат како Барни од серијата „How I met your mother“ го ставил на продажба својот дом во Шерман Оакс. Тоа е единствената прилика да се ѕирне во калифорнискиот дом на симпатичниот глумец кој го освои срцето на публиката.

se-prodava-luksuzniot-kaliforniski-dom-na-barni-foto-01

Пространата вила со базен и градина е проценета на 3 милиони долари, а Харис ја продава поради селењето во Њујорк, каде веќе го купил новото семејно гнездо за 4 милиони долари.

Вилата која ја продава има 6 спални соби, 5 бањи, голема кујна и дневна соба, игралиште за деца и базен со надворешен туш. Целата е уредена во луксузен стил, обоена во сиви и беж нијанси, а на некои места дополнително украсена со дизајнирани тапети.

Секоја соба освојува на поинаков начин, но сигурно е дека веднаш може да ја почувствувате топлината на семејниот дом. Особено каминот во дневната соба ви дава пријатно чувство и релаксација во кругот на семејството.

Семејна куќа во која може да се чувствувате како дел од некоја филмска сцена.

Би можело да ве интересира:

Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...

Најчитани неделава