После ова сите ќе сакаат венчавка во облаци

Принцезата Латифа од Дубаи, која е дизајнерка на ентериери за својата венчавка соработувала со фирмата DesignLab Events за да ја организира и уреди својата венчавка од соништата во спектакуларен стил.

vencavkata-od-sonistata-vo-oblaci-od-svarovski-kristali-01

Главната тема според која била уредувана салата е „Луцидниот сон“. Заедно создале нешто што може да се опише како сценографија надвор од овој свет, атмосфера која ќе ве натера да се почувствувате како да сте во облаци или во некој магичен сон.

Целиот плафон е исполнет со 15.000 светлечки стапчиња, 65.000 Swarovski кристали 4.000 хартиени оригами, сето тоа организирано во огромна инсталација над масите.

vencavkata-od-sonistata-vo-oblaci-od-svarovski-kristali-1.jpg

Уметниците Енди Као и Хавиер Перот смислиле облак изработен од Swarovski кристали кој бил и главна инспирација за целата инсталација.

Од мрежест материјал и останатите кристали направени се другите декорации од кои излегуваат светлечките стапчиња, а летечките оригами се поврзани така да изгледаат како да летаат низ облаците.

vencavkata-od-sonistata-vo-oblaci-od-svarovski-kristali-2.jpg

Покрај беспрекорно уредената сала за сите гости со екстравагантни свечени маси, оркестарот кој бил задолжен за музиката, свеченото отворање со специјална танцова група и деликатесите, ефектот кој се добил дал вистинска доза на магија во венчавката каква што доликува на една принцеза.

vencavkata-od-sonistata-vo-oblaci-od-svarovski-kristali-3.jpg

vencavkata-od-sonistata-vo-oblaci-od-svarovski-kristali-4.jpg


Погледнете како изгледа сето тоа однатре:

Би можело да ве интересира:

На гости кај Пале: Празнично украсен стан во Струмица со елеганција, класично уредување и драперии (... „На мојата елка, која е стара 8 години, најголемо значење имаат трите лампиони с...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Домот на Нина Бадриќ на Хвар е како од бајка - Рустична камена куќа со тиркизни детали и медитеранск... Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитера...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Руфтоп бар во Охрид со спектакуларен поглед e инстаграмџиски рај (фото) Храната и пијалаците со ваков поглед, веднаш стануваат повкусни, плус има соврше...

Најчитани неделава