Божиќната бајка со 1.500.000 светилки на семејството Салај од Хрватска

Во малото хрватско гратче Чазма постои семејство кое на својот имот има скоро милион и пол шарени светилки кои создаваат вистинска божиќна бајка.

boziknata-bajka-so-1-500-000-svetilki-na-semejstvoto-salaj-od-hrvatska-001

Инженерот Златко Салај пред неколку години сакал да му овозможи на своето семејство да ја почувствува најубавата божиќна атмосфера, па решил да го украси целиот двор.

На почетокот употребувал околу 70.000 сијалички, но секоја година се зголемувале и украсите и бројот на сијалички, бидејќи сакал да биде уште понакитено и поосветлено.

Со оглед на големиот простор кој го поседува ова семејство, успеале буквално да го направат центар на малото гратче.

Секоја година станувало сè поатрактивно место за многу посетители. Почнале да доаѓаат и од други места, дури и други земји само за да ја видат божиќната бајка.

Според она што го раскажува Златко, може да се забележи дека не е ни малку едноставно да се украси толку голем простор и со толку многу сијалички, но не смеат ниту да се изневерат посетителите.

Сите се веќе навикнати и очекуваат да го видат најубаво украсениот простор.

Тука подготовките за секој следен Божиќ почнуваат веднаш штом се исклучат светлата во јануари.

Потребно е многу време за да се постави целата инсталација, но и многу пари за да се плати потрошената струја. Ланската сметка била околу 70.000 куни или 9.000 евра.

Сепак, со оглед на тоа што ова е еден вид проект кој допринесува и за зголемување на туризмот и подобрување на имиџот на малото гратче, голем дел од вкупната сума е платена од спонзори.

Годинава имаат 300.000 нови сијалички, а очекуваат и околу 80.000 посетители. Семејството Салај не се многу заинтересирани за бројките, иако веќе одамна го имаат надминато Гинисовиот рекорд, поставен од еден трговски центар во Канбера, осветлен со 1.2 милиони светилки и резиденција во Њујорк со 600.000 светилки.

Златко Салај вели дека не го интересира листата на Гинис, бидејќи ќе треба да плати за да се пријави и да добие признание, а со тие пари попрво би купил нови сијалички.

Тој уверува дека нема намера да го запре проектот и верува дека еден ден, кога тој нема да може, неговото дело ќе го продолжи синот и можеби ќе успее и целата шума да ја осветли и да создаде божиќен град од бајките.

Погледнете како изгледа:

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
На гости кај Вања Тодоровска во Смилево: „Уживам во погледот, збогатен со вкусот на питулици - го об... „Кога ќе се спомне Смилево, низ мене минува нешто што најмногу наликува на блаже...
На гости кај Тоше во струшко Вишни: Реновирана викендичка од 1926-та со рајско дворче, во село со 20... „Куќата, каде што е роден татко ми, е изградена во 1926 година од каме...

Најчитани неделава