Во Дубаи наскоро ќе има цела населба под вода (фото)

Луксузниот и ексклузивен Дубаи, кој во светот на иновациите и идеите секогаш е 10 чекори напред од останатиот свет, наскоро ќе стане дом на првото предградие под вода некогаш направено во светот, кое ќе се состои од  лебдечки домови, делумно сместени под водата.

vo-dubai-naskoro-ke-ima-cela-naselba-pod-voda-01.jpg

Познати како Floating Seahorse, ќе бидат поставени вкупно 45 вакви лебдечки домови, од кои 35 веќе се и продадени.

Проектот е поткренат и дизајниран од страна на водечките европски архитекти, во склоп со познатиот островски проект “The Heart of Europe”, кој го спојува најдоброто од европскиот дизајн, наследството и забавата.

Секој “лебдечки дом” ќе има три нивоа на животен простор - еден под вода, еден на нивото на морето и една горна палуба. Се планира спалната соба и бањата да биде во потполност под површината на водата, со што ќе се овозможи единствен прекрасен поглед кон морскиот живот.

Целата структура ќе биде уредена со најмодерни елементи, а ќе биде изграден и вештачки корален гребен за заштита на загрозениот вид на морски животни, без притоа да биде нарушена подводната идила и поглед кон морската бајка.

Автор: Е.Г

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...

Најчитани неделава