Легендарниот хотел Риц во Париз повторно ги отвори своите врати после 4 години

Непосредно пред смртта, славниот Ернест Хемингвеј напишал: „Кога го сонувам задгробниот живот во рајот, дејствието секогаш се одвива во Риц, Париз“.

Legendarniot-hotel-Ric-povtorno-gi-otvori-svoite-vrati-01.jpg

Не е никаква тајна дека ова бил омилениот хотел на авторот на „Старецот и морето“ и префинетата Коко Шанел, која живеела во Риц цели 34 години.

Сцени од дури 3 филмови на Одри Хепберн се одиграле токму во овој париски хотел.

Легендарниот хотел повторно ги отвори своите врати, после 4 години напорно реновирање, поради пожарот кој се случи во 2012-та година.

Буџетот за грандиозното обновување на хотелот достигнал неверојатни $450 милиони долари, изјавил сопственикот на Риц, египетскиот бизнисмен Мохамед Ал-Фајед.

142 соби, 71 луксузен апартман, од кои 15 носат имиња на познати личности, како Марија Калас и Френсис Скот Фицџералд, се опремени со квалитетни антиквитети, самозагревачки подови и сите удобности кои може да ги посакате од луксузен хотел како Риц.

За секој гостин поединечно се грижат двајца вработени, а најевтината цена за ноќевање изнесува околу $1.130 долари.

Отварањето на хотелот го означија специјални фотки кои ја доловуваат атмосферата како дел од некоја гламурозна забава на Гетсби.

Во чест на еден од најлојалните гости, барот во хотелот го носи името Хемингвеј уште од 1994-та година.

Погледнете како изгледа сега еден од најгламурозните хотели во светот:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во викендичката на Анета Стамеска во с. Лупште, Порече: „Уживаме да готвиме на стариот шпорет на дрв... „Викендичката ја почнаа моите свекор и свекрва пред 15 години. Свекорот не успеа...
Розов хотел на Ибица е рај за инстаграмџики - како куќата на Барби во реалноста (фото) Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски ра...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...

Најчитани неделава