Куќа од соништата: Ѕирнете во луксузниот дом на Селена Гомез (фото)

Откако во јавноста испливаа фотографиите од внатрешноста, сите се вчудовидени зошто ваков раскош во преубава природа не ѝ одговара повеќе на познатата американска ѕвезда.

kukja-od-sonishtata-dzirnete-vo-luksuzniot-dom-na-selena-gomez-foto-1.jpg

По некое непишано правило, во домовите на повеќето холивудски ѕвезди може да „ѕирнеме“, дури тогаш кога ќе одлучат дека веќе не сакаат да живеат во нив. Таков е примерот и со 24-годишната пејачка и актерка Селена Гомез, која неодамна ја стави својата куќа вредна 3 милиони долари на продажба.

Спектакуларната вила се наоѓа во Тексас, а Селена ја купи минатата година, за во неа да минува што е можно повеќе време со семејството и пријателите од детството. Се простира на површина од близу 1.000 метри квадратни, а располага со две огромни спални соби и уште 5 помали, 7 бањи и гаража за возен парк од 8 автомобили.

Бидејќи обожува да гледа филмови, домот на младата ѕвезда е опремен и со луксузно домашно кино. За дружење и забава со пријателите, пак, Селена ја користела големата соба со маса за билјард и уште многу игри.

За романтични вечери, тука е и собата со камин и сводести плафони, која се наоѓа веднаш до пространата кујна, опремена со најсовремени апарати и покуќнина.

Кога нејзините гости сакале да се опуштат, тоа можеле да го направат на тенискиот и кошаркарскиот терен, како и на базенот, а сосема доволно им било и само да се релаксираат и уживаат во сончањето, опкружени со природа како од бајка.

Сепак, на популарната Селена и здодеа од сета убавина и луксуз, па одлучи да си купи нова и уште поубава вила.

Би живееле ли во нејзиниот стар дом?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...

Најчитани неделава