Живот со стил во една соба? Можно е!

Ви претставуваме како изгледа домот на една млада дама, кој и покрај скромната квадратура, комплетно го одразува нејзиниот карактер и начин на живот.

zhivot-so-stil-vo-1-soba-mozhno-e-1_copy.jpg

Ништо не е невозможно, па дури ни тоа целокупниот животен стил да го „спакувате“ во само една соба. За таа цел, не ви е потребно магично стапче, туку мудар план и организација, јасно поставени приоритети и секако – многу креативност и имагинација.

Шик домот на младата Дрија, која работи како советничка за односи со јавност во модната индустрија, претставува одличен пример за тоа како може максимално да го искористите просторот, а притоа да бидете „свои на своето“ и чувствувате пријатно во само една просторија.

Нејзиниот стан се наоѓа во Њујорк, а е со вкупна површина од скромни 39 метри квадратни. Ентериерот е женствен и младешки, но и потполно прилагоден на нејзините интереси и страста кон модата. Од особена важност ѝ било гардероберот да е постојано среден, а сите модни додатоци – добро организирани и на место. Така е и уреден нејзиниот дом.

Во просторот преовладува белата боја, што е добитна формула за простори со мала квадратура, бидејќи визуелно ги проширува и оддава впечаток дека се многу поголеми. Гардероберот е изработен по мерка и ја користи полната висина на ѕидовите, а секое слободно катче е искористено како дополнителна површина за складирање на нејзините чевли и аксесоари.

Пресладок и уреден со многу вкус, животниот амбиент на Дрија е уште една потврда дека кога е стилот во прашање, не смеете да правите компромиси.

Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената инспирација:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото) „Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
На гости кај Пале: Празнично украсен стан во Струмица со елеганција, класично уредување и драперии (... „На мојата елка, која е стара 8 години, најголемо значење имаат трите лампиони с...
На гости кај Мандар и Дариа: Дуплекс стан во Дебар Маало со впечатлива жолта гарнитура (фото) „Моето омилено катче е жолтата гарнитура во дневната соба, а омилениот дел на мо...

Најчитани неделава