Ѕирнете во гламурозниот дом на Ким Катрал: Како живее Саманта од „Сексот и градот“?

Ентериерот е олицетворение на луксуз, женственост и сексапил во нежни пудрасти нијанси, а во голема мера го отсликува карактерот на актерката, но и на ликот кој ја одбележа нејзината кариера.

dzirnete-vo-glamurozniot-dom-na-kim-katral-kako-zhivee-samanta-od-seksot-i-gradot-1_copy_copy.jpg

Славната глумица Ким Катрал, најпрепознатлива по улогата на Саманта Џонс во хит-серијата „Сексот и градот“, ги отвори вратите на својот гламурозен стан во Њујорк.

Домот на Ким се наоѓа на познатата Петта авенија, а зад неговото уредување се потпишува дизајнерот Тони Инграо од студиото „Ingrao Inc.“, чијашто цел била да го оживее „стариот гламур на Холивуд“ во просторот.

Бил конципиран како стан што ќе биде доволно голем за забави со многу гости, а истовремено интимен и удобен за престој на една особа.

Раскошните текстури на ткаенините, златните детали и парчињата светол мебел ја сочинуваат основата на ентериерот. Арт деко стилот бил главната инспирација, а за преуредување на просторот се користеле материјали од повеќе страни на светот.

Мермерните подови се увезени од Иран, Индија и Северна Ирска, каминот за дневната соба е пронајден во Лондон, а поголемиот дел од осветлувањето е купено во Париз, од каде се земени и бројни парчиња мебел и антиквитети од пазарите за стари работи.

Во аголот на дневниот престој е сместен импозантниот клавир, за кој може да се каже дека е единственииот темен елемент во стан.

За спалната соба, пак, избрана е нежно розовата боја, во комбинација со старинскиот мебел со огледала.

Како ви изгледа вам?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...

Најчитани неделава