Рај за сетилата: Ѕирнете во новиот дом на Натали Портман (фото + видео)

Убавата оскаровска се почести со луксузна куќа, извишена на рид над Санта Барбара, а со прекрасен поглед на океанот.

raj-za-setilata-zirnete-vo-noviot-dom-na-natali-portman-foto-video-1.jpg

Новиот дом на Натали Портман се наоѓа во населбата Монтесито, областа каде свои зданија имаат и бројни други славни личности, како Опра Винфри, Елен Деџенерис, Ал Гор и Роб Лоу.

raj-za-setilata-zirnete-vo-noviot-dom-na-natali-portman-foto-video-2.jpg

Поголемиот дел од имотот е под шума, што го издвојува од сосеството, додека кон океанот се простираат базенот и прекрасно уредената градина, пружајќи единствен поглед на морското синило.

raj-za-setilata-zirnete-vo-noviot-dom-na-natali-portman-foto-video-3.jpg

Самата куќа е модерна оаза со површина од  370 метри квадратни, а располага со 4 спални соби и 5 бањи. Изградена е во 2008-та година од челик, стакло и бетон, според замислата на архитектот Бартон Маерс.

raj-za-setilata-zirnete-vo-noviot-dom-na-natali-portman-foto-video-4.jpg

Дневниот престој, кујната и трпезаријата се отворени кон градината со базен, па покрај јасниот поглед на океанот, се добива и уникатно искуство на живеење, каде надворешноста е целосно интегрирана со ентериерот.

raj-za-setilata-zirnete-vo-noviot-dom-na-natali-portman-foto-video-5.jpg

Што се однесува до цената, претходниот сопственик ја продавал куќата за речиси 7 милиони долари, но глумицата успеала да се исценка, спуштајќи ја на „само“ 6.5 милиони долари.

Сепак, вреди за сите пари зар не? Погледнете го видеото и прошетајте низ секое катче од домот на Натали:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...
Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...

Најчитани неделава