Женствено мини царство: Стан по вкус на млада девојка (фото)

Со нежни пастелни бои, цветни тапети и мноштво стилски, а младешки декорации, овој прекрасно уреден дом зрачи со ведрина, сензуалност и романтично чувство во просторот.

zhenstveno-mini-carstvo-stan-po-vkus-na-mlada-devojka-foto-1.jpg

Ирина Сазонова верува дека во секоја жена се крие едно мало девојче, кое на крајот од напорниот ден, кога ќе се врати во својот дом, сака да се одмори од возрасниот живот - да се релаксира на лулашка, или, пак, да црта со креда.

Во согласност со личните уверувања, но и барањата на клиентката, дизајнерката се обидела да ја оствари ваквата идеја во идејно решение за домување. Проектот е реализиран во станбен простор со површина од 43 метри квадратни, лоциран во Киев, Украина.

Со изобилството од бела боја, пастелните розови акценти, прекрасниот флорален тапет во спалната соба и романтичната столица – лулашка како детаљ, овој ентериер е место каде може засекогаш да останете млади и безгрижни.  

Вистинско мини царство за една млада девојка, зар не? Погледнете ги фотографиите и препуштете се на имагинацијата:

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...

Најчитани неделава