Модерна кујна со дрвени елементи во индустриски стил

Доколку барате идеи за уредување на вашата кујна, оваа кујна од отворен тип во индустриски стил со остров на средината ќе ве инспирира.

moderna-kujna-vo-industriski-stil-so-drven-elementi-foto-01

Индустрискиот изглед на кујната е омекнат со природни материјали како дрвото, а највпечатлива точка се огромните прозорци од кои има прекрасен поглед и влегува многу дневна светлина.

Споеноста на кујната со трпезаријата и дневниот престој, како и со надворешноста, дозволува просторот да дише.

Белите ѕидови се во одличен контраст со сивите кујнски елементи, како и апаратите од нерѓосувачки челик.

Отворените дрвени полици се лесен начин за складирање на работите што ги користите секој ден, како садови и чаши, а керамичките додатоци, како кутијата за леб, му даваат винтиџ нота на целиот простор.

Силен печат во кујната остава и рачно изработениот лустер. Минималистички, но ефектен.

Инспирирајте се од следните фотографии:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости кај Пале: Празнично украсен стан во Струмица со елеганција, класично уредување и драперии (... „На мојата елка, која е стара 8 години, најголемо значење имаат трите лампиони с...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Домот на Нина Бадриќ на Хвар е како од бајка - Рустична камена куќа со тиркизни детали и медитеранск... Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитера...
Во домот на Невенка и Гаврило во Штип: Дуплекс од 156m2, со ограда од ковано железо во дневната и му... „Во салонот централно место зазема пијаното, а над него во застаклена витрина е ...

Најчитани неделава