Идеи за летен декор: Претворете ја спалната соба во егзотична оаза

Мирис на лето, сончеви денови и одмор се моменти кои за жал кратко траат. Но, со помош на декорации инспирирани од морето, плажата и сонцето, ќе го задржите летниот амбиент во домот подолго.

idei-za-leten-dekor-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-egzotichna-oaza-01.jpg

Спалната соба е просторија во која сакаме да се опуштиме по напорниот ден. Ви предлагаме неколку идеи со кои вашата спална соба ќе ја претворите во тропска оаза:

Акцент на еден ѕид

Еден ѕид кој се разликува од сите други е совршена идеја за домот. Во овој случај, декорирајте го ѕидот со слики со летни мотиви или залепете тапет кој потсетува на морето.

idei-za-leten-dekor-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-egzotichna-oaza-04.jpg

Сино-бела палета на бои

Традиционалните нијанси на сина и бела боја се карактеристични за летото. Овие софистицирани бои даваат опуштен и релаксиран амбиент во просторот и се одличен избор за спалната соба.

Прекривки или тепих

Внесете „песочен“ амбиент во спалната соба со тоа што ќе ставите прекривки во беж боја од природен материјал или тепих во слична нијанса.

idei-za-leten-dekor-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-egzotichna-oaza-03.jpg

Декорирајте ја вратата

Добра идеја е на вратата од спалната соба да ставите некој украс, како на пример бротче или венец со школки. Уште пред да влезете во собата, ќе се почувствувате како да сте на море.

Природни и лелеави материјали

Лен и памук во нијанси на бела, крем, сина и тиркизна боја се одличен избор за летниот период, а можете да ги користите и во текот на целата година, ако додадете повеќе слоеви.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото) „Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали...
На гости кај Македонци во Виена: Детската соба на Тифани (3) има гардеробер со 30 пара чевли и е под... „На само 5 месеци Тифани имаше околу 30 пара чевлички. Организацијата ми е многу...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости кај Мандар и Дариа: Дуплекс стан во Дебар Маало со впечатлива жолта гарнитура (фото) „Моето омилено катче е жолтата гарнитура во дневната соба, а омилениот дел на мо...

Најчитани неделава